Со пласманот на Турција, познати се сите четвртфинални натпревари од ЕВРО 2024 во Германија.
Први четвртфиналето го отвораат селекциите на Шпанија и на Германија во Штутгарт на 5. јули во 18 часот. Три часа подоцна во Хамбург играат Португалија и Франција.
На 6. јули во 18 часот Англија и Швајцарија ќе играат во Дизелдорф, а истиот ден во 21 часот Холандија против Турција во Берлин ќе го одредат последниот патник во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА