ФОТО: Познати сите номинирани за Златната топка, Меси и Халанд најголеми фаворити, го нема Роналдо

Познати се сите номинирани за освојување на наградата Златна топка. Листата е долга и звучна, а само еден ќе биде освојувачот.

Информациите говорат дека најголем кандидат за освојување на оваа награда е Лионел Меси поради освоениот Мундијал со Аргентина во Катар, како и Ерлинг Халанд кој со Сити освои тројна круна, а беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

На листата на номинирани е и Лука Модриќ, потоа соиграчите на Елмас, Осимен, Кварацхелија и Мин-Јае кој сега отиде во Баерн Минхен. Манчестер Сити има дури седум номинирани играчи. Покрај Халанд, тука се Алварез, Де Брујне, Диас, Гвардиол, Родри и Бернардо Силва.

Интересно е тоа што го нема Кристијано Роналдо, кој пет пати ја освојуваше оваа награда.

Церемонијата ќе биде во Париз на 30. октомври.

Се вчитува...