Репрезентациите на Грузија, Украина и Полска се последните учесници на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија. Овие три селекции преку финалните баражи во Лигата на Нации, успеаја да обезбедат учество на големиот собир.
За Грузија ова е историски, прв настап на едно европско првенство, и тоа е единствената селекција дебитант на ЕП во Германија.
Комплетирани се и групите, а се чини дека „пеколно“ ќе биде во групата „Д“ каде што на селекциите на Холандија, Австрија и Франција им се приклучи и селекцијата на Полска. Грузија ќе игра со Турција, Португалија и Чешка, додека Украина оди во групата „Е“ на Белгија, Словачка и Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА