На трибините во СЦ „Јане Сандански“ познати лица и од спортот, и од политиката кои дадоа поддршка за националниот тим во битката за пласман на Мундијалот.
Вечерва беше присутен и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој ја бодреше селекцијата на патот кон нов Мундијал.
После натпреварот се огласи и на социјалните мрежи.
„Македонскиот ракомет повторно меѓу најдобрите во светот благодарејќи на нашите ракометари, на нивната посветеност, пожртвуваност, борбеност, но и на навивачите со кои создадовте нераскинлива врска“, напиша претседателот Пендаровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА