Реал Мадрид гостуваше во Манчестер и играше меч против Сити во 1/16 финалето во Лигата на шампионите. Еден од оние кои беа во главна улога беше Винисиус кој долго време се жалеше поради тоа што не ја доби „Златната топка“, а таа замина во рацете на Родри од таборот на „граѓаните“.
Прв кој го „пецна“ фудбалерот на Реал, беше админот на социјалните мрежи на Сити, кој објави фотографија со Винисиус како поминува покрај постер на кој Родри е со Златната топка.

Потоа „сол на раните“ додадоа и навивачите на Манчестер, кои истакнаа транспарент на трибините против Винисиус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

