ФОТО: Ракометарите пристигнаа во Торшавн, се мести мозаикот за триумф над Фарски

Ракометната репрезентација на Македонија пристигна во Торшавн, каде што утре ќе го игра првиот бараж натпревар против Фарски Острови за пласман на Светското првенство.

Македонија нема нималку лесна задача предсебе, ако се има во предвид дека Фарските Острови се во ракометен налет, а тоа го покажаа и со настапот на последното Европско првенство. Сепак, патникот на Мундијалот ќе се решава во Скопје не равеншот, а Македонија го мести „мозаикот“ за добар резултат од ова гостување.

Дуелот се игра утре во Торшавн со почеток во 20 часот. Сите билети за салата се веќе распродадени.

 

Се вчитува...