Ренова официјално го промовираше засилувањето за нападот за продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, Колумбиецот Џон Еди Мена Перез.
23-годишниот Колумбиец денеска откако ги реализираше предвидените лекарски прегледи и официјално стави потпис на договорот со „гипсарите“ за кои треба да биде сериозно засилување во нападот.
Еди Мена Перез во Ренова доаѓа од редовите на колумбискиот тим Ланерос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

