ФОТО: Репрезентацијата од Рига се сели во Ереван – Ерменија е следната цел

ЕКИПА во Рига, Летонија

Владимир Булатовиќ

Репрезентацивците на Македонија вчера ја одработија задачата. Ја совладаа Летонија на гостински терен со убедливи 0-3, и се блиску до остварување на целта – првото место во групата. Сега на ред е најважниот меч за нашата селекција, и мечот против Ерменија во Ереван.

Македонските репрезентативци најавуваат дека и на ова гостуање одат на три бода, иако доволно ќе биде и нерешен резултат, со оглед дека ниту Ерменците вчера не ја совладаа селекцијата на Фарски Острови.

Денеска експедицијата на Македонија се сели од Рига директно во Ереван каде во недела во 18 часот се игра мечот против Ерменците. Летот за Ереван е закажан за 12:30 часот.

 

 

Се вчитува...