ФОТО: Руски голман славеше победа со украинско знаме

Моментално во тек е руска инвазија над Украина, а темата е актуелна и во светот на спортот. ФИФА и УЕФА вчера ја исфрлија руската репрезентација и нивните клубови од сите натпреварувања, а режимот на Путин не го поддржуваат ниту спортистите од Русија кои секојдневно ја поддржуваат Украина.

Меѓу нив беа и Смолов, Миранчук, се огласија и Медведев, Рубљов. Најново име е голамнот на Фамиликао, Иван Злобин.

Злобин позираше со знаме на Украина после победата од 2-1 над Тондела во 24. коло од португалскиот шампионат. Злобин е резервен голман, но на трибините се дружеше со Украинец кој со себе носеше знаме, кое го развиори заедно со Злобин.

Се вчитува...