ФОТО: Сакал да ограби девојка, не знаел дека е УФЦ-шампионка

Грабежите се вообичаена работа низ улиците на Рио де Жанеиро, но еден крадец настрада откако налета на погрешна „жртва“, обидувајќи се да го земе мобилниот телефон на Полијана Вијани. Проблемот е што тој не знаел дека Полијана е УФЦ-шампионка, која му дала таков ќотек што ќе го памети за цел живот.

„Тој само ми го покажа пиштолот и ми кажа да му го дадам мобилниот телефон. Кога ми пријде поблиску увидов дека можам да го совладам, бидејќи ќе нема време да го извади пиштолот. Го удрив два пати и го соборив на земја, а потоа почнав да го гушам, па го ставив во положба да не може да се движи. Повикав полиција, најпрвин ми велеше да не го правам тоа, но кога виде што му се случи самиот молеше полицајците побрзо да дојдат“ –  ја опиша Вијани случката.

Фотографијата најдобро покажува како помина крадецот.

 

View this post on Instagram

 

On the left is @polyanaviana, one of our @UFC fighters and on the right is the guy who tried to rob her #badfuckingidea

A post shared by Dana White (@danawhite) on

Се вчитува...