Баер Леверкузен се пошегува на социјалните мрежи пред престојната ждрепка за Лигата на шампионите. Целта на шегата беше тимот на Манчестер Јунајтед, кој вчера сензационално испадна од Гримзби Таун во ЕФЛ Купот во Англија по изведувањето на пеналите.
Како што е познато, „фармацевтите“ ќе се најдат на утрешната ждрепка за групите во ЛШ, а на социјалните мрежи тимот од Леверкузен напиша:
„Се надеваме дека нема да ни се падне Гримзби“, напишаа од тимот на „Фармацевтите“.
Just hoping we don’t get Grimsby… #UCLdraw pic.twitter.com/BQX43nbQue
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) August 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

