Фиорентина, Динамо Киев, Кристал Палас, Спарта Прага, Рајо Ваљекано… се само дел од можните противници на Шкендија во групите во Лигата на Конференции. Има и звучни имиња, но и екипи против кои тетовскиот тим може да се надигрува.
Шкендија ќе биде сместена во петтиот шешир. Таму се сигурни Сигма Оломуц, Самсунспор, Раков, АЕК Ларнака и Хакен, со тоа што може да им се приклучат и други клубови, затоа што уште некои натпревари не се завршени.
Лозана, противникот на Вардар во 2. квалификациско коло е во шестиот шешир, и можен противник на тетовската екипа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

