ФОТО: Швајцарски франци со ликот на Федерер

Швајцарија му укажа неверојатна чест на Роџер Федерер, откако беа пуштени во употреба сребрени монети од по 20 франци со ликот на неповторливиот тенисер. Тој е првиот човек во историјата на швајцарската држава кому ваква чест му се укажува додека е жив, во продажба беа пуштени 55.000 монети, кои беа експресно распродадени.

„Роџер е идеален амбасадор на нашата држава, најдобар спортист на сите времиња и ја заслужува оваа чест“ – објави Владата на Швајцарија.

Воедно, најавено е дека во мај 2020 година ќе бидат пуштени во употреба и 40.000 златни монети од по 50 франци.

„Благодарам, Швајцарија, за оваа неверојатна чест и привилегија“ – напиша Роџер Федерер на својот профил на социјалните мрежи.

Се вчитува...