Академија Пандев е тимот кој успеа да ја запре серијата натпревари без пораз на лидерот Шкендија во домашниот шампионат.
Шкендија го доживеа и вториот пораз сезонава, и повторно пред своите навивачи на Градскиот стадион во Тетово. Првиот пат, на 26. септември, тоа беше со 0-2 во пресметката со прилепска Победа, а сега „скалпот“ им го зеде тимот на Академија Пандев. Па, по сето тоа сосема заслужено на крајот славеничко селфи на „пандеци“ среде Тетово…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

