Фудбалската федерација на Македонија денеска во хотелот „Хилтон“ во Скопје го одржува Генералното Собрание кое оваа година ќе мине во знакот на 30-годишнината од официјалниот прием на македонскиот фудбал во светските фудбалски институции, ФИФА и УЕФА.
На 16. јуни 1994 години во Чикаго, тогаш Фудбалскиот сојуз на Македонија беше официјално примен во семејството на ФИФА како 186-та полноправна членка на светската организација. Денеска ФИФА брои 212 свои членки. Во моментот на приемот на нашиот фудбалски сојуз, претседател на ФИФА беше Жоао Аваланж (1974-1998), а генерален секретар Јозеф Сеп Блатер.
ФФМ на денешниот собир на делегатите на Собранието ќе заокружи уште една година зад себе, презентирајќи го и новиот четири годишен план околу активностите на федерацијата во делот на сениорскиот фудбал, но и масовната промоција на женските фудбалски активности како и развојот на младите категории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА