Фото: Солзите на Сон и на Суарез – едните радосници, другите од тага

Супердраматична беше завршницата во групата Х, во која Јужна Кореја со гол во судиското продолжение ја совлада Португалија и стигна до посакуваното второ место кое води во осминафиналето од СП 2022.

Најдобриот корејски фудбалер, Хеунг Мин Сон, не можеше да ги скрие солзите радосници по големиот успех, откако корејскиот состав се избори за место во осминафиналето, каде најверојатно ќе се сретне со Бразил.

На нецели 50 километри оттаму, солзи лееше и Луис Суарез. За разлика од Сон, неговите не беа радосници, туку солзи од тага и разочарување, откако големиот фудбалски ас неславно ја заврши репрезентативната кариера.

За Суарез денешниот меч беше последен во дресот на Уругвај, додека Сон охрабрен од овој успех, ќе продолжи да ја предводи Јужна Кореја и во годините што следат.

Се вчитува...