ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев
Познато е со кој состав Македонија ќе истрча денеска на стадионот „Торсволур“ во Торшавн во рамките од 1. коло од Лигата на Нации во групата Ц4. Благоја Милевски направи неколку измени и неколку изненадувања.
Така на левата бековска позиција ќе стартува Димоски, на местото на стандарниот Алиоски, додека на десната страна оди Иљазовски, кој што првпат стартува на еден официјален натпревар. „Друштво“ во одбраната ќе му прават Серафимов и Муслиу.
Исник Алими и Енис Барди се последни играчи за врска, а понапред оди Елмас, кој за разлика од некои натпревари, сега ќе дејствува централно. На левата страна оди Димитар Митровски кој игра во добра форма во последно време, а на десната страна Дарко Чурлинов. Во нападот задолжен за голови ќе биде Бојан Миовски.
Ова е и составот на Фарски Острови:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА