Лучијано Спалети направи голема работа со Наполи, откако после три децении го донесе „Скудетото“ во Неапол. До крајот на сезоната има уште две кола, а може да се случи италијанскиот стручњак да замине од Наполи и да има нова средина.
Гласините за вакво сценарио се се погласни, откако тренерот имал несогласувања со првиот човек, Аурелио Де Лаурентис. Медиимите веќе споменуваат можни наследници, меѓу кои се Енрике, Бенитез, Гасперини, Нагелсман, Конте…
И додека се чека расплетот на ситуацијата, една фотографија на Спалети говори многу. Имено, Спалети се одлучил на својата рака да ја истетовира третата титула на Наполи. Оваа фотографија може да значи дека тренерот одлучил да остане на југот на Италија и да го поведе тимот кон одбрана на титулата и успех во ЛШ идната сезона.
Што и да се случи, со оваа фотографија тренерот ги „купи“ сите во Неапол кои се воодушевени од неговиот потег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА