ФОТО: Кога бодовите се повеќе од важни – Ако треба и „за гуша“!

Повеќе од сериозна жестина донесе пресметката меѓу Вардар и АП Брера на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во 12. коло од ПМФЛ, ако се знае резултатското значење и за двете страни.

На крајот „вардарци“ дојдоа до џиновска победа со која веќе фаќаат приклучок во битката за опстанок.

Но, токму важноста на дуелот донесе и индивидуални пресметки од кои, без сомнение, за издвојување е онаа меѓу Дејан Цветаноски и Бразилецот Антонио од редовите на АП Брера. Антонио го фати и за гуша противничкиот фудбалер, но доби само жолт картон од главниот судија…

Се вчитува...