Само неколку часа откако официјално раскина со Динамо Загреб, поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми беше промовиран во дресот на унгарски Ујпешт.
Во овој тим ќе соработува со Дамир Крзнар, својот поранешен тренер во Динамо Загреб, кој многу добро ги познава квалитетите на некогашниот капитен на „модрите“.
„Го познавам Аријан многу добро од Динамо, тој е вистински лидер кој е способен за сè на теренот за да победи. Тој е исклучително скромен, совршено знае што сакам да видам во играта и ќе ми биде од огромна помош во обезбедувањето сите да можат да видат спектакуларен, бескомпромисен Ујпешт оваа сезона“, рече Крзнар.
Аријан Адеми ги искажа своите први импресии по потписот со унгарскиот тим.
„Не сакам да користам големи зборови или ветувања. Повеќе сакам да се истакнам на теренот, и се надевам дека имам уште многу „гориво“ во резервоарот за да бидам моторот на Ујпешт“, изјави Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

