ФОТО: Вардаров резил, поигрување со името – Симев, Спасески и Најдоски предвреме го напуштија Чаир!

Резилот кој Вардар им го приредува на своите навивачи во пролетниот дел од шампионатот, без разлика и на обезбедениот европски излез, дефинитивно не е пријатен за гледање – па дури и за самите челници на клубот.

Уште еднаш поигрувајќи си со своето име, историја и реноме, Вардар денеска одлучи да игра со младински тим во Чаир па доживеа убедлив пораз од 4-1 на теренот на кој генерации вардарови фудбалери никогаш не сакале да загубат, без разлика во каква позиција и ситуација бил клубот.

Бруката на Чаир до крај очигледно не можеа да ја гледаат ниту извршниот директор Самоил Симев, претседателот Мирко Спасески и директорот Илија Најдоски, и самите едни од главните виновници за овој „црвено-црн“ изглед пролетва, па се одлучија предвреме да си заминат од натпреварот.

Ако нешто е добро за Вардар – тогаш е тоа што конечно заврши оваа сезона!

Се вчитува...