Македонската репрезентација во комплетен состав вечерва го одработи тренингот низ подготвителниот циклус за стартот на квалификациите за ЕП 2024.
И, стручниот штаб на еден од терените на тренинг-центарот на ФФМ на репрезентативците им „сервираше“ и статични велосипеди како мало „фитнес-загревање“ пред вистинските тренинг активности.
Новопристигнатите денеска, Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Елиф Елмас… одработија дел од тренингот полесни кондициски вежби низ максимално ведра атмосфера во очекување на финалните тактички подготовки за дуелот против Малта кој се игра во четврто, 23. март, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА