ФОТО-ВЕСТ: Фоторепортерот на ЕКИПА Роберт Спасовски доби дрес по повод 30 години од првиот меч на Македонија

Фоторепортерот на ЕКИПА Роберт Спасовски, доби дрес од ФФМ по повод 30 години од првиот натпревар на репрезентацијата на Македонија.

Спасовски е единствениот во Прага кој беше дел од експедицијата која беше во Крањ во далечната 1993 година. По тој повод му беше подарен дрес со бројот 30. Дресот му го подарија капитенот Енис Барди и селекторот Благоја Милевски.

Воедно, Спасовски прославува и роденден, па на дресот стоеше и неговиот датум на раѓање, привот меч од репрезентацијата и денешниот датум одбележувајќи 30 години од првиот меч на Македонија како самостојна држава.

 

Се вчитува...