ЕКИПА во Порто, Португалија
Владимир Булатовиќ
Во Порто се е подготвена за уште една македонска фешта, уште една македонска радост, овој пат зачинета со историски пласман на Мундијал. Македонија со Португалија ќе решава дали ќе оди на прво Светско првенство.
Еден од најголемите навивачи на Македонија Горан Кипријановски, популарниот Кипре е во Порто каде што ќе ја бодри селекцијата на нашата земја. Тој е секогаш со Македонија каде и да настапува, бил сведок на сите настани, и сега ќе биде присутен на најважниот натпревар во фудбалската историја.
Кипре го развиори шалот Македонија над Порто, со надеж дека утре ќе се слави голема победа на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА