Се работи под полна пареа за Националната Арена „Тодор Проески“ да го добие новиот тревник пред пресметката со Англија во квалификациите за ЕП 2024 година.
Екипи работат за навреме да стигнат со тревникот пред овој меч, кој ќе го реши горчливото прашање за тревата на „Арената“ која во последните години беше во очајна состојба.
На очајниот тревник реагираа во минатото и Италијанците, и Бугарите, и другите национални селекции и тимови кои гостуваа. Се чини дека со поставување на новата трева, конечно, ќе биде ставен крај на проблемите со Арената, барем кога станува збор за тревникот, а потоа и македонските прволигаши ќе се вратат на „Тодор Проески“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

