ФОТО-ВЕСТ: „Златната копачка“ на Панчев на централното место за јубилејот „80 години Ц. Звезда“

Еден од најдобрите клубови од Југосточна Европа, белградска Црвена Звезда денеска прославува точно 80 години од своето формирање.

Низ наредниот период белграѓани најавија серија активности како дел од прославата на „80-годишниот роденден“. По тој повод, според најавите, ќе биде отворена и голема изложба на најзначајните моменти од историјата на клубот во музејот на поранешниот европски и светски шампион.

А, како што информираат од клубот, централно место за јубилејот „80 години Црвена Звезда“ ќе има и „Златната копачка“ на македонската „кобра“ – Дарко Панчев, кој ги прослави црвено-белите бои со своите игри за клубот во светски рамки. „Златната копачка“ на Дарко Панчев е поставена во Музејот на Црвена Звезда веднаш до најзначајните трофеи на клубот од Бари и Токио, токму како потсетување на едно од најголемите достигнувања во историјата на клубот. Панчев го заслужи престижното признание како најдобар стрелец во Европа во историската сезона 1990/91 година, кога клубот го постигна најголемиот успех.

Како што е познато, македонската фудбалска легенда и ја подари „Златната копачка“ на Црвена звезда за да може да направи реплика, која во иднина ќе се наоѓа во музејот на стадионот „Рајко Митиќ“.

Се вчитува...