ФОТО: „Sports Bar Beer Garden“ доби катче посветено на Скопски маратон

Во единствениот спортски музеј „Sports Bar Beer Garden“ може да најдете посветено катче на „Виз Ер Скопски маратон“ со маица, медали од различни изданија, фотографии и медали од поранешните изданија на маратонот.

Оваа година организаторите на „Виз Ер Скопски маратон“ ја одржаа и традиционалната „Pasta Party“.

„Оваа година таму ја одржавме и нашата Pasta Party, а тимот на Sport Bar Beer Garden уште еднаш покажа колку не почитува и поддржува. Им благодариме од срце за овој прекрасен гест – вистинско задоволство е да се имаат вакви партнери. Драго ни е што секој посетител ќе може да дознае по некој збор за маратонската магија. Се радуваме и се надеваме на уште многу дружби, забава и нови приказни што ќе ги создадеме заедно!“, напишаа од Скопски маратон.

Се вчитува...