ФОТО: „Војводите“ со празнична сценографија – „Во борба крвава тргнал мојот народ смел!“

Тетекс и Шкендија Арачинов, во повеќе од убава празнична атмосфера, одиграа максимално коректен натпревар во 8. коло од Втората македонска фудбалска лига, денеска на градскиот стадион во Тетово.

Најверните навивачи на Тетекс, популарните „Војводи“ за празникот 11 Октомври се појавија со убава сценографија на својата трибина, и порака: „Во борба крвава тргнал мојот народ смел!“.

На натпреварот имаше повеќе од 1.000 навивачи од двете страни, но низ крајно спортска атмосфера, на крај славеше Шкендија Арачиново со 1-2.

Се вчитува...