Фудбалската федерација на Македонија“ во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина во „Куќа на фудбалот“ организираше крводарителска акција во која учествува вработени во федерацијата и надворешни соработници кои доброволно се вклучија во повикот за несебична помош и солидарност.
Повеќе од 40 пријавени изразија волја за крводарување, а беа собрани вкупно 32 крвни едниници.
„Во оваа трансфузија на љубовта, секоја крвна група си имаше свој херој. Меѓу дарителите на највредниот подарок беше и селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски кој со личен пример придонесе за подигнување на свеста за крводарување и со тоа посведочи дека секој од нас може да спаси живот.
Со крводарителската акција „Највредниот подарок. Капка полна живот“ ја истакнуваме заложбата за хуманост која е цел и ориентација на сите вработени во федерацијата.
Доброволното крводарителство станува дел од традицијата на Фудбалската федерација на Македонија како доказ за социјално – етичкиот концепт и одговорност.“, стои во објавата на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА