ФОТО: „Вујо мајсторе“ со сето срце навиваше за Македонија, но…

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ се најде на трибините во „Таурон арена“ меѓу македонските навивачи со поддршка за македонската репрезентација против Холандија.

Популарниот Вујо со сето срце навиваше за Македонија, но за жал не донесе среќа за националниот тим кој загуби убедливо, 24-34, од одличните Холанѓани.

„Нормално дека со сето срце навивам за Македонија. Знам дека селекцијата е подмладена, ова е големо искуство за тие млади ракометари, и посакувам со победа над Аргентина да дојдат до следната фаза од првенството“ – ни изјави Вујовиќ по мечот.

Веселин Вујовиќ во моментов е селектор на Иран кои своите натпревари на СП 2023 ги игра исто така во Краков. Иран веќе има победа над Чиле на шампионатот и обезбеди место во главната фаза од мундијалските натпревари.

Се вчитува...