Пред почетокот на Мундијалот во Катар, ФИФА забрани играчите да носат капитенски ленти или ознаки со различни бои, кои ја отсликуваат различноста, како дел од кампањата “One Love”.
Меѓутоа капитените најавија дека ќе ги носат, и покрај санкциите, а ФИФА им се закануваше дека ќе добиваат дури и санкции и картони доколку некој се обиде да носи шарена капитенска лента.
Мануел Нојер најави дека ќе носи, но на денешниот натпревар, сепак, тоа не го стори, а дали е така проверуваше и еден од помошниците на натпреварот со Јапонија. Кога судијата виде дека се е во ред, му дозволи на Нојер да биде на голот, односно мина без санкции.
Германскиот национален тим пред натпреварот својот револт го искажа за време на тимската фотографија кога сите играчи ја покрија устата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА