Македонскиот шампион Пелистер во втората своја сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување конечно ја запиша и првата победа во Лигата на шампионите во мечот од 7. коло. Битолчани повеќе од заслужено триумфираа на гостувањето против Фредериција во Данска со 23-25 (12-9).
„Пелистерци“ до победата дојдоа со извонредна игра во второто полувреме откако првото полувреме низ малку потежок ритам го завршија со негатива од три гола, 12-9.
Па, на крајот сосема заслужено победничко селфи за ракометарите на македонскиот шампион од Данска кои сезонава активно ќе се борат за место меѓу првите шест екипи во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА