ФОТО: Заслуженa радост – Младите момчиња дел од елитата на пат кон ЕП!

Младите македонски фудбалери до 17 години обезбедија елитни квалификации, место во елитната Лига А, за пласман на Европското првенство откако завршија на второто место во групата од првата фаза од квалификациите кои изминативе денови се играше во Струмица и во Турново.

Македонија, во групата со Чешка, Унгарија и Гибралтар, на крајот заедно со Чешка, сосема заслужено продолжува во елитната фаза од квалификациите.

Сето тоа за нескриено славје на момците на Влатко Колев, кои продолжуваат во следната фаза во обидот да дојдат и до настап меѓу најдобрите на Стариот континент. Денеска, во последното коло од квалификациската група, Македонија убедливо со 9-0 славеше против Гибралтар.

Се вчитува...