Фотофиниш: „Кралевите“ тргнаа по Томас Милер

Неколку часа остануваат до истекот на летниот преоден рок во Ла Лига, а европскиот првак Реал Мадрид ќе се обиде да доведе одлично засилување. Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, го посакува Томас Милер од Баерн Минхен во својот состав за оваа сезона. Тој сака да го искористи незадоволството што го има Германецот од својот статус во тимот на Карло Анчелоти и да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид понуди опција за едногодишна позајмица, која може да се претвори и во комплетен трансфер идното лето, доколку и двете страни се задоволни од соработката. Томас Милер е дете на Баерн Минхен и досега не се решил да си замине, но повик од Реал Мадрид не доаѓа секој ден. Уште четири и пол часа остануваат до полноќ, кога завршува летниот преоден рок и во Шпанија.

Се вчитува...