ФОТОГАЛЕРИЈА: Алкалоид се закити со европски трофеј

Алкалоид испиша историја во македонскиот ракомет како втор машки клуб во нашата историја што успеал да се закити со европски трофеј.

„Сино-белите“ предводени од Кире Лазаров лани имаа сезона за паметење освојувајќи го ЕХФ Европскиот куп, но срамното однесување на АЕК ги оневозможи да го прослават историскиот успех како што доликува – пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“.

Алкалоид денеска го игра првиот домашен европски меч, а ЕХФ го исполни даденото ветување, па непосредно пред почетокот на дуелот со Хановер, македонскиот тим на мини-церемонија го доби пехарот што ќе ги краси просториите во салата „Автокоманда“.

 

 

 

Се вчитува...