ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Неколку големи натпреварувања ги игравме под очекувањата на јавноста, а колку што растеа фрустрациите кај навивачите, толку понапорно селекторот Лазаров, неговиот стручен штаб и ракометарите работеа кон остварување на зацртаната цел – Македооија повторно да има ракометна репрезентација за респект, за која успех нема да биде самото учество, туку ќе оди да освојува што повеќе бодови на светските и европските шампионати.
Процесот на смена на генерации е речиси завршен, но што е уште поважно, оние „помладите“ веќе созреаја, имаат неколку големи натпреварувања зад себе, за сега да можат да се носат и со „поголемите“ од себе.
„Хејтерите“ мислеа дека ремито со Унгарија, и тоа крајно баксузно за нас, е „на среќа“, поради потценување од противникот. Игравме како мажишта и покрај судискиот грабеж со Холандија, рутински ја решивме Гвинеја, со Австрија покажавме карактер не откажувајќи се со последната секунда, а денеска, направивме Катар да изгледа како потпросечна репрезентација.
Затоа, баш е гордост да се гледа оваа Македонија во Вараждин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА