ФОТОГАЛЕРИЈА: „Чкембари“ среќни, легендите задоволни, турбо-старт на пролетта за „пелистерци“!

Битолски Пелистер на најдобар можен начин ја почна пролетната сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Пелистер убедливо со 3-0 славеше против Беласица уште во првото полувреме завршувајќи си ја својата задача, на крилјата на Симеон Христов кој запиша два гола на мечот во 35. и во 45. минута, како и на Бојан Спиркоски кој погоди во 39. минута.

 

 

 

 

 

„Зелените“ на тој начин максимално го искористија киксот на Детонит Плачковица на гостувањето против Вардар Неготино, и сега се пробија на втората позиција на табелата која води кон елитата.

Сето тоа на задоволство на своите навивачи кои го очекуваат Пелистер таму каде што му е местото…, но на задоволство и на легендите на клубот Тони Мицевски, Митко Стојковски, Ванчо Мицевски…

 

Се вчитува...