Алкалоид од самото создавање на ракометниот клуб стави до знаење дека приоритет ќе биде развој на македонските играчи, а таквиот пристап од година во година се повеќе вродува со плод.
Почетокот на оваа сезона е импресивен, откако во само неколку дена „сино-белите“ од Автокоманда најпрвин го декласираа Е.Пелистер во Супер-купот, за вечерва да му земат мерка и на Вардар. Митев и Серафимов беа во главна улога во нападот, во важни моменти драгоцено беше и искуството на Костески, но она што најмногу импресионира е силниот колектив што Лазаров го создава во својот тим, во кој дефинитивно секој многу добро ја знае својата улога.
Вардар во подготовките делуваше посилно од лани, но Недановски ќе мора што поскоро да ги воигра големиот број нови ракометари, но веќе денеска стана јасно дека „црвено-црните“ без Томовски на голот и Јасухира како главен организатор на играта ќе имаат проблеми против квалитетни ривали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА