Македонија е во осминафиналето од ЕП 2023, на огромна радост на над шест илјади навивачи во СЦ „Борис Трајковски“, илјадници пред ТВ-екраните, но најмногу од се, на радост на самите одбојкари, кои продолжуваат да испишуваат историја во спорт.
Проблемите кои беа надминувани низ годините само ја направија оваа репрезентација пихолошки подготвена за сите предизвици, а кога зад себе ќе имаат поддршка од илјадници грла, резултатот не можеше да изостане, барем не против ривал каков што беше Црна Гора.
Доминација од почеток до крај, триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање, победа како што знаат да триумфираат „големите репрезентации“ кога играат со оние „помалите“. Покажавме и квалитет и искуство и максимална тактичка зрелост (благодарение на селекторот Јошко Миленкоски), доказ дека „детските болести“ од минатото се надминати, а Македонија апсолутно заслужено е во Топ 16 во одбојкарска Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА