ФОТОГАЛЕРИЈА: Европските гиганти Барселона, Фенербахче, Партизан… на супер-турнирот во Скопје

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, викендов во организација на КК Партизан Водно Санс и семејството Сотирови се одржува Меморијалниот млaдински кошаркарски турнир – FICBALL. Турнирот се одржува по прв пат и е во чест и сеќавање на прерано починатиот, млад кошаркар Филип Сотиров – Фиц (1999-2014).

Под мотото „BE THE BEST YOU CAN BE“, на исклучително квалитетниот турнир учествуваат младинските кошаркарски екипи на Барселона, Фенербахче, репрезентацијата на Бугарија, Партизан Белград, Кајолу и КК Партизан Водно Санс. Ова е и најсилниот кошаркарски турнир за млади категории организиран на наше тло.

По вчерашните натпревари по групи, денеска од 13:30 часот се игра натпреварот за 5. место на турнирот, од 15 часот е мечот за 3. место а од 17:30 часот е закажан финалниот натпревар. По вчерашниот прв ден, во Групата 1 доминира тимот на Барселона, а во Групата 2 составот на турски Фенербахче. Токму овие два тима се очекува денеска и да играат и во битката за трофејот.

 

Турнирот има и хуманитарен карактер, кој ќе се манифестира преку донирање на средства и реквизити во домот за деца без родители „11. Октомври“, од страна на сите екипи учесници во турнирот.

Се вчитува...