ФОТОГАЛЕРИЈА: „Фалангата“ ја разубави „Таурон арена“ – За да се знае дека во Краков има Светско првенство!

Прекрасната „Таурон арена“ во Краков веќе е разубавена од околу 2.000 македонски навивачи кои и тоа како се „загреани“ за поддршка на македонските ракометари на стартот од Светското првенство 2023.

Уште еднаш македонските навивачи, се чини, се единствените кои на вистински начин носат комплетност на еден ваков настан и со активно присуство на трибините.

Во Краков ги нема норвешките, холандските и аргентинските навивачи, но затоа пак, како што велат и домаќините, секогаш се тука Македонците да го дадат шармот на едно светско првенство…

 

Се вчитува...