ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонските навивачи приредија ново шоу на трибините во Вараждин, приредувајќи фантастична атмосфера во текот на целиот натпревар. Ракометарите им одговорија на вистински начин, со рутински триумф за мечот по онаа драма со Холандија денеска да се следи без никаква тензија, напротив со уживање за лесната победа.
„Уште еднаш голема благодарност до навивачите, нивната поддршка е драгоцена за нас. Самиот настап на СП е притисок сам по себе, но кога имате вакви фанови, тоа е само уште поголема желба за сите нас, да им се оддолжиме со добри игри. Сакавме денеска да славиме лесно, да нема нервози и да биде пирова победа, за уште еднаш да се уверат во нашиот квалитет и да продолжат да ја бодрат нашата репрезентација и во втората рунда. Се надевам дека ќе дојдат во уште поголем број“, изјави селекторот Лазаров.
Значаен дел од македонските навивачи кои дојдоа во организација на туристички агенции вечерва се враќаат назад кон татковината. Сепак, се најавува нов бран на „фалангата“, која до вторник би требало да пристигне во Вараждин и веќе на дуелот со Австрија повторно да ја обои во црвено-жолто арената во овој хрватски град.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

































