Фудбалерите на Тиквеш, како ретко која екипа последниве години, повеќе од заслужено го освоија трофејот во Купот на Македонија. Целосна доминација во финалето од најмасовното домашно клупско натпреварување за прва титула во својата историја.
Но, она што вистински е воодушевувачки од синоќешниот натпревар на арената „Тодор Проески“ е поддршката која тиквешани ја имаа од свое Кавадарци. Од најмладо до најстаро вчера како да беше во Скопје во очекување на толку посакуваниот трофеј.
На крајот, за нескриена радост како најава и за првиот европски настап на Тиквеш ова лето…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА