ФОТОГАЛЕРИЈА: И ова се вика фудбал… – на македонски начин!

Повеќе од тешки услови имаа денеска прволигашите во Тетово, Скопје и Битола на трите првенствени дуели од 21. коло.

Под снежни услови, несоодветно подготвени терени за игра и постојани врнежи се судрија Шкендија и Академија Пандев во Тетово, Победа и Шкупи во Битола и Скопје и Ренова во скопска Автокоманда. Но, и покрај тоа фудбалерите демонстрираа квалитетни партии со 9 погодоци… И наспроти фактот дека македонските екипи организациски, логистички, воопшто не се подготвени за натпревари под вакви услови: ниту соодветна опрема за чистење на снегот или обележување на теренот во вакви услови, ниту црвени топки…. На крајот, поради сето тоа, само страдаат фудбалери, ни најмалку заштитени…!

 

Се вчитува...