Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното годишно Собрание кое доаѓа по најуспешната македонска фудбалска година во нашата независност.
Токму затоа, се чини, и низ една мирна атмосфера мина Собранието на ФФМ во хотелот „Александар Палас“ во Скопје во кое делегатите, впрочем како по обичај, нема што да мислат – главно си се секогаш ЗА… Членот на Извршниот одбор на УЕФА, Давор Шукер уште еднаш истакна пофалби за македонскиот фудбал од 2017 година, за организацијата на Суперкупот како и за новиот капитален објект во рамките на комплексот „Куќа на фудбалот“ кој беше отворен пред неколку денови…, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски најави дека со уште посилно темпо ќе се продолжи во иднина, а согласно очекувањата беше донесен и буџетот за работа на федерацијата во 2018 година…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА