Фотогалерија: Култ кон репрезентацијата, сегашни и екс-репрезентативци дојдоа да ја бодрат „новата Македонија“

Резултатот не беше оној што сите го посакувавме, кошаркарите беа на ниво со борбата и пожртвуваноста, но не успеаја да им донесат радост на сите оние кои ги наполнија трибините на салата во Куманово.

А таму имаше голем број на поранешни, но и сегашни репрезентативци кои дојдоа во живо да дадат поддршка на  оваа подмладена репрезентација.

Екс-капитенот и доскорешен претседател на КФСМ, Перо Антиќ беше во првиот ред, блиску до него беа и Ѓорѓи Чековски и Марјан Србиновски, потоа и Тони Симиќ (татко на репрезентативецот Тео Симиќ), Нешовиќ, Гаштарски, Јане Петровски, Кире Николовски…

Долгогодишниот капитен Војдан Стојановски во овој циклус не е во можност да помогне на репрезентацијата, но беше присутен во Куманово за да им даде поддршка на помладите заедно со Стојан Ѓуроски, кој поради повреда не беше во составот, исто како и Андреј Јакимовски и поранешниот селектор Александар Тодоров.

Се раѓа култ кон репрезентацијата пред која е тежок пат, но со поддршка од сите страни секако дека ова патешествие ќе биде олеснето, се со цел кошарката да се врати онаму каде што припаѓа на македонската спортска мапа…

Се вчитува...