ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонско срце на терен и „Фаланга“ на трибини, може против секого

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонија одигра маестрален натпревар против силната Унгарија на отворањето на СП 2025, како уште еден доказ за фантастичниот напредок што нашата национална селекција го бележи од година во година. Без ниту еден интернационалец во нашите редови одигравме беспрекорно против селекција од европскиот крем, која на крајот си замина среќна што успеа да стигне до бод против пулените на Кире Лазаров.

На крајот останува тагата за пропуштената победа, но самиот факт дека се доведуваме во ситуација од „однапред отпишани“ (какви што бевме до пред година две) сега да жалиме за цел плен против Унгарија е јасен знак за квалитетите, но и потенцијалот што нашата репрезентација допрва ќе го достигнува.

Квалитет имаме, а кога на македонското срце на терен ќе ја додадете и „фалангата“ и фантастичната атмосфера на трибините, јасно е дека можеме да се носиме со секој противник. А ако ја повториме оваа игра и в петок против Холандија, можеме да завршиме една драма со хепиенд и полни со самодоверба да влеземе во главната рунда.

Се вчитува...