Веќе е јасно – владеењето на Петар Наумоски со мак-баскетот ќе продолжи најмалку до крајот на мандатот што му беше изгласан во 2015 година, откако поранешниот ас и репрезентативец доби уште една битка за превласт во МКФ.
Овојпат во Владо Илиевски имаше многу посериозен противник, но Наумоски уште еднаш одговори на предизвикот, па од ситуација кога многумина му предвидуваа пораз излезе како голем победник.
Многу врева за ништо, во кошарката, барем во МКФ се ќе остане по старо, но останува да видиме дали барем ќе мрдне работата на подобро на клупско и репрезентативно ниво, каде квалитетот за жал од година во година се повеќе опаѓа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА