МЗТ Скопје му одржа лекција по кошарка на Работнички, тимот што барем на хартија требаше да им биде главен ривал на „металците“ во борбата за титулата сезонава, но денеска се покажа како крајно недостоен противник за акутелниот првак на Македонија.
МЗТ заслужува само комплименти, „металците“ одиграа перфектен натпревар, покажаа тактичка подготвеност, дисциплина на терен и искуство за играње на вакви натпревари. Поразот од Пелистер за само неколку дена беше оставен зад себе, а денешниот триумф е уште позначаен ако се знае дека „металците“ во тимот ги немаа високите Крстевски и Баковиќ, но сепак успеаја да го демолираат големиот ривал.
Работнички пак, тоне ли тоне, во правец каков што ретко кој очекуваше. Не станува збор само за конечниот изглед на семафорот, за „нестручноста во стручниот штаб“, туку „центарци“ сериозно се соочуваат со опасност од претендент за титулата да станат „банда без команда“, ако се земе во предвид и срамниот потег на Декоси, кој го удри Дамјан Стојановски, заслужено доби исклучување, а сега дефинитивно ќе му следи и суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА