МЗТ Скопје и Работнички потврдија дека ривалството е целосно обновено, а фактот дека сезонава по подолго време се квалитативно израмнети само ќе ја направи уште поинтересна завршницата од овој кошаркарски шампионат.
„Сино-белите“ покажаа квалитет на голем тим, заиграа како шампиони кога беше најважно, будејќи се од „минус 12“ во полуфиналето со Блокотехна, па потоа контролирајќи го резултатот во поголемиот дел од вечерашното финале. Најефикасно беше македонското трио Трајковски – Стојановски – Соколов, кое го зададе клучниот удар во пресметката со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.
Работнички се надеваше на атак на двојната круна, но без Гинјард во големото финале немаше сили за триумф над големиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА